Мицкоски откри во детали што ќе содржи резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи во парламентот.
-Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа со должно почитување на меѓународното право без никакво уловување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ, да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски идентитет, повторувам континуитет. Да се уважуваат сознанијата, утвредените факти, усвоените теории и империските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право според кои што македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидости имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет.Македонскиот идентитет го црпи својо легитимитет од повеќе вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикултурната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски-историски простор, споделените места на меморија на Балканските и Медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата. Подразбираат интелектуална слобода, ане робување на анахроните историски стереотипи и илузии, некултурен историски егемонизам, процесот за евроинтергарција на нашата држава треба да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите, да се применуваат позитивните и општо прифатени меѓународни конвенции и декларации на Обединеите нации за правото на самоопределување и за човековите права и слободи. Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, објасни Мицкоски
Тој додаде дека е потребно мудро и одговорно однесување спрема својот народ.
-Наспроти се друго што сме виделе во минатото потребно е овој пат мудро и одговорно однесување спрема својот народ, спрема својот идентитет и спрема нашата заедничка иднина.Оваа резолуција е документ од кој треба да произлезе национален консензус, брана за сите напади и обиди за манипулација и ќе биде заедничкиот став на Македонија за сите важни прашања.Не е доволно да се збори за црвените линии, овој пат тие треба да се бранат, тоа е наша должност.Подготвен сум на дебата за заедничка размена на мислење, но уште поважно е да испратиме заедничка порака дека нашиот идентитет, јазик и историја е наше право, наша обврска која ќе ја штитиме заеднички. На овој начин ќе превенираме и други и слични негаторски аспирации кон она што за нас треба да биде суштински важно, вели Мицкоски