ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници:
Кисела Вода, Орце Георгиевски, актуелен советник
Сопиште, Стевче Трповски, актуелен градоначалник
Центар, Наташа Котлар, редовен професор во Институт за национална историја
Кочани, Љупчо Папазов
Петровец, Борче Митевски, актуелен градоначалник
Илинден, Александар Георгиевски, актуелен советник
Штип, Иван Јорданов, актуелен пратеник
Велес, Марко Колев, поранешен директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион
Радовиш, Александар Ристов, стопанственик
Конче, Златко Ристов, поранешен бранител
Босилово, Ристо Манчев, поранешен пратеник
Валандово, Тони Узунов, стопанственик
Богданци, Марјан Пеев, вработен во општината
Дојран, Филип Дончовски, поранешен извршен директор на хидросистемот за спас на Дојранското езеро
Гевгелија, Андон Сарамандов
Неготино, др Горан Стојанов, раководител на Итна медицинска помош
Демир Капија, Андон Донев
Росоман, Тихомир Николов, инженер по компјутерски науки
Прилеп, др Борче Јовчевски, ортопед
Кривогаштани, Александар Богдановски, актуелен претседател на Совет на општината
Могила, Драганчо Соботковски, агент за осигурување
Новаци, Стевче Стевановски, агроном
Вевчани, Спасе Кочовски, социолог
Брвеница, Јовица Илиевски, физиотерапеут
Јегуновце, Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг
Гази Баба, Бобан Стефковски, државен советник
Од партијата велат дека, најголем процент од избраните се нова генерација на политичари, познати во средините каде што живеат и со највисок рејтинг според мислењето на граѓаните. На некои места поддржуваат и истакнати интелектуалци.