Славјанка Петровска видно вознемирена од фактите изнесени на денешната прес конференција заборави да каже дали таа според место на живеење е евидентирана на ул. „Радишанска“ и дали тоа е истата улица и објект на кој се наоѓа луксузната Хациенда со базен – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Славјанка Петровска гласа на избирачкото место 2948/1 во Радишани?
Доколку истото се потврди како може истата да користи адреса на живеење на која не живее?
Попусти се сите обиди за дефокус. Во интерес на јавноста и со цел вистината од која Петровска бега да ја докажеме, ви испраќаме евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој се гледа дека објектот на ул. „Радишанска“, луксузната хациенда е евидентирана на име на Петровска.
Факт е дека Петровска доколку ја продала хациендата тоа ќе било прибележано во Катастарот. Што не е случај со нејзиниот имот заведен во Катастарот.
Очекуваме Петровска да каже кога ќе ја донира хациендата на здруженијата на бранители од 2001 година“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.