Фијаско во високото образование, со Ковачевски и СДСМ, УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети. Според светската листа на најдобри универзитети УКИМ, како најпрестижен македонски универзитет не е ниту во првите 1.000, туку се наоѓа на 1.594 место, што е за 100 места наназад, во однос од пред 6 месеци кога беше на 1.493 место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека универзитетите од регионот како тие во Белград, Љубљана, Загреб се во првите 500-тини, УКИМ е над 1.000 места зад нив. Лошиот рејтинг на УКИМ е пред се поради лошите политики во образованието. Пет години СДСМ и ДУИ не направија ниту еден од неколкуте ветени студентски градови, не е инвестирано во опрема, ниту во човечки капацитет во високото образование, тоа е истата онаа власт, во која Ковачевски е заменик министер за финансии, а сега премиер, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „И со секој поминат ден повеќе на СДСМ и ДУИ на чело на државата и образованието, УКИМ, но и целото образование ќе тоне. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори со цел брзи промени и закрепнување на државата на сите полиња“.