Заев ја присили Димова да сокрие криминал вреден 2,2 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тогашниот премиер Зоран Заев ја присили Лидија Димова да не поднесува кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра. Парите, како што велат од партијата, биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција и завршиле во кабинетот на Заев.
Според истите извори, шемите на Заев и Димова го исцрпеле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра, а европските пари кои беа злоупотребени, потоа беа побарани назад од Европската заедница. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДС ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност, посочувајќи дека функционерите на СДС ја посрамувале државата и на домашна и на меѓународна сцена.
„Чест на исклучоци, но во СДС скоро сите поранешни функционери, директори и министри се поврзани со сомнежи или сторен криминал. Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата за над 20 милиони денари и е осудена со уште две лица. Тогашниот премиер ја присили да не поднесе кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека затоа и деновиве кога СДС излегува со соопштенија или прес-конференции, народот не им верува.
„Народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција. Скоро секој поранешен функционер од СДС има сторено криминал, кој го штити обвинителството и судството. Оваа слика мора да се промени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.