Николовски дал под закуп државно земјиште
Николовски ваквите договори ги правел преку фирмата фирмата Арекспорт од Струмица, односно дал под закуп државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Арекспорт е фирма зад која стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен лик за тендери на СДС, почнувајќи од ЕВН, преку државни институции како Град Скопје, Влада, па пак се до прифатни фирми, поточно лаборатории од периодот на ковид отворени во време на Филипче. Лазарови како блиски пријатели Заев и Филипче се главни столбови на СДС и токму затоа и Љупчо Дон Николовски префрлувал милиони на Арекспорт. Прво, Арекспорт склучила неколкугодишен договор за закуп со Министерството за земјоделие за наводни лозови насади. Второ, наместо лозов насад стотиците хектари биле наменети за едногодишни култури. Ова е спротивно за договор за закуп, потоа спротивно е и што давале на други лица да ја работат земјата, се наведува во партиското соопштение.
Фирмата не платила ниту закупнина за две години
Од партијата велат дека фирмата не плаќала ниту за закупот на земјиште или Арескпорт не платила закупнина во висина од 30 илјади евра за 2022 и 2023 година.
-Фактот што воопшто не се работело по договорот за закуп е основ за раскинување на истиот, но Дон Николовски не се интересирал за правните норми, туку за партиските правила. Оттука фирмата на семејството НИКОБ добила 485.000 евра за субвенции на кои немала право. Дон Николовски да каже зошто не го раскинал договорот кога фирмата не го почитувала истиот? Дон Николовски да каже каков интерес имал тој, а каков партијата и поединци од партијата? Дон Николовски е на дело фатен во криминал и за истиот треба да одговара. Денес продолжуваме со нови докази за тоа колку е оштетен буџетот, а надлежните институции треба да постапуваат навремено и транспарентно, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.