Од шеф на кабинет на Бучковски до делител на правда не бива. Павлина Црвенковска од партиски функционер на СДСМ стана претседател на Судски совет. Независноста на судската власт е обврска. Не може партиски човек да одлучува за работата на судиите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Какви ќе бидат одлуките на Црвенковска партиски или независни?! Со Црвенковска на чело на Судски совет пак ќе гледаме како ЈО и судството работат под диктат на Заев и како нема ниту една постапка против него. Ќе гледаме како нема разрешници за Мафија 1 и 2, за Шик Јелак, за Еуростандард, за сите скандали и афери, кои не се ни добројуваат, посочуваат од партијата.