Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола преку видео вели дека пред повеќе од еден век воз Битола – Солун сега заради СДС Битола и без млади.

“ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК ВОЗ БИТОЛА СОЛУН СЕГА ЗАРАДИ СДС БИТОЛА И БЕЗ МЛАДИ”

Точно пред 129 години на денешен ден, била пуштена во употреба железничката пруга Битола – Солун. Денес Македонија е последната провинција, благодарение на вашата неспособност, криминал и корупција.

Колку многу лажете потврдува и фактот што во октомври минатата година верувате дека само за еден месец ќе сообраќа возот Битола – Лерин.

Вие, “европски” ориентирани лажговци знаете само да манипулирате и да изнесувате невистини за јавноста.
За волја на вистината од премиерот Ковачевски и тогаш имаше само најава, без никакви детали, во негов стил, претурање од шупливо во празно, ама поенергичноот Хари Локвенец, кој не издржа и го напушти потонатиот СДС во меѓувреме, потврди тогаш за медиумите, со цела морална одговорност дека возниот ред е направен и дека првиот патнички воз се очекува да сообраќа за околу еден месец.

Оттогаш, за жал, ништо нема од тоа. Само лаги, ќе сме се поврзеле со северниот дел на Република Грција, па дури и со Турција.
Не само што не поврзавте туку не сме биле во поголема самоизолација, од сиромаштија и од страшниот пад на економскиот стандард.

Не се прославивте ниту со едно ветување кое го дадовте пред граѓаните, туку толку многу ги столчивте, што најголемиот во борбата да преживеат не можат да го поминат просторот од 16 километри и барем физички за кратко да престојуваат во земја на Европската унија. Ама пак затоа, независно од возраста се поголем број граѓани, особено ние младите, ја напуштаме Македонија, да се спасиме буквално од животот што ни го донесовте. Треба да си одите, доста се лаги, криминал и пикање народни пари по вашите приватни џебови. Одете си!!!“, стои во нивниот пост на Фејсбук.