На 16 јули во собранието на Република Македонија беше изведено кукавичко предавство. Предавниците на Македонскиот народ имаат име и презиме, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Маријан Пеев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Богданци.
-Драгица Ѓавочанова е името и презимето на предавникот од Богданци и еден од 37-те македонски предавници од СДС и коалицијата кои ја погазија македонската историја и македонскиот идентитет. Непочитуваната наша сограѓанка и Антидржавната СДС во саботата спротивно на волјата на над 75% граѓани на Македонија кукавички го усвоија предлогот за асимилација на македонскиот народ. Здивот на нашите граѓани веќе се чуствува врз тилот на предавниците. Затоа и порачуваме на Драгица Ѓавочанова, да си поднесе оставка веднаш, да престане да го срами својот народ и нас како Богданчани, а најмногу од се да престане да ги срами своите деца. На нив им го остава најголемиот терет. Тие и нивните поколенија ќе бидат запаметени како најголемите предавнички семејства на оваа држава, вели Пеев.
Тој додава дека исто така и порачуваме дека Македонија не е сдс Богданци и советот на општината, па да мени статут и симболи со име северна со лажни јавни расправи. Господ може да прости но македонскиот народ секогаш ги казнува оние кои работат предавнички
-Полициското обезбедување ќе зачести пред вашиот дом, затворени порти и камери се вашиот страв, едно кафе слободно нема да можете да испиете во јавност. Оваа земја нема цена, оваа земја е вечна, така ќе остане засекогаш. Да живее Република Македонија исчистена од предавници, истакна Пеев.