Во организација на Патриотскиот институт „Гоце Делчев” на ВМРО-ДПМНЕ, денеска организира настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“.
На настанот кој ќе се одржи на Кејот „13 Ноември“ кај Камениот мост, ќе се обратат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов.