Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик. Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик. Јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија е службен јазик во државата, но не и во меѓународните односи, велат од партијата.
Уставот е дециден. Јасна е дистинкцијата која ја прави уставот, а тоа е дека единствен официјален јазик во меѓународните односи е македонскиот јазик.
Уставот е највисок правен акт во државата и тој може директно да се применува.
Османи треба да се извини и да си поднесе оставка, се наведува во партиското соопштение.