Во минатото секој штетен закон што беше во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше. Така и ќе продолжиме. Овој пат, многу закони кои што ќе дојдат на дневен ред, точно, ќе бидат блокирани, но она што е добро ќе оставиме да помине. Но, во минатото тоа што било штетно сме го блокирале, но сега сакаме да кренеме поголема авернес, секој еден граѓанин во Република Македонија да слушне какви се намерите на оваа власт. Зашто го говорам ова? Имаме девастирано здравство, имаме многу лоша економија, немаме ниту една капитална инвестиција ниту пак странска инвестиција од оваа Влада, имаме штрајкови во образованието, имаме штрајкови кај сите работници, незадоволство од платите, имаме ценовни трошоци и така натаму. Да не зборувам за енергетските кризи, да не зборувам и за пандемијата и за се она што се случува, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Владо Мисајловски од теренската активност за пуштање во употреба на училишна спортска сала во општина Гази Баба, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ понуди рака до власта за помош за излез од кризите кои што ја зафатија Македонија како и за преговорите кои што ги водат со соседна Бугари со која се договараат далеку од очите на јавноста зад затскриени врати.
– Ние прво што направивме е понудивме рака, понудивме рака да седнеме да помогнеме иако оваа власт не кон национална катастрофа, ние размислуваме со понуда да помогнеме. Јас навистина мислев дека кога СДСМ велеше дека ја сфатиле пораката од граѓаните дека конечно ќе бидат поинакви, не се поинакви. Со доаѓањето на Ковачевски како премиер мислев дека повеќе рациото ќе преовладува и дека треба да седнат со опозицијата да разговараат за суштествени теми, за најважните теми, како што се овие економски кризи и енергетски кризи, да не зборувам за оние работи што се од стратешки интерес, како што е договорот со Бугарија што го тераат под маса, затскриено и никој од јавноста не може да го види. И сега наеднаш се нервираат и се многу нервозни зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се активни. Тоа ни е работа и ќе бидеме активни и сакаме секој еден во државата да разбере што се случува, рече Мисајловски.
Додава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат активни во Собрание со цел да ги спречат сите штетни закони кои што мнозинството сака да протне и јавноста да дознае дека тие не поднесуваат економски закони за добробит на граѓаните, туку поднесуваат закони за да си ги полнат сопствените џебови, како што беше законот за формирање посебна лотарија.
– Можеби они да не наведуваат дека правиме некаква блокада, но во меѓу време они во Собрание пробуваат да си протнат закон што е посебна лотарија, да си направат еден посебен орган каде што ДУИ ќе биде главен на таа лотарија и на крајот од денот, може да видиме дека они не поднесуваат некои економски закони за добробит на граѓаните, поднесуваат свои закони како да си ги наполнат џебовите. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати и затоа ќе има активна блокада. Кога видовте дека вчера не се донесе дневниот ред бидејќи се јавивме 37 пратеници, денеска ќе продолжиме, јас после оваа средба се враќам во Собранието и ќе останеме таму за секој граѓанин да види што оваа власт прави и тоа ни е наша обврска, истакна Мисајловски.