Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребна е оставка од Заев, само така ќе се гарантира независна истрага, смета опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот. Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 14 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашковски. Потребна е вистинска одговорност.