Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран.Ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Пајазити не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден затвор.
Пајазити е судијата кој не определи притвор ниту за бандитите кои упаднаа на скопскиот аеродром.
Институциите во правосудството со молкот кој го покажуваат кон Пајазити само покажуваат зошто треба да бидат реформирани. Потребна е одговорност.