Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, смета дека одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски да не држи говор на Мечкин Камен ја менува 30 – годишната традиција на прославата за Илинден.
– Кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег, изјави денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Пендаровски ги покани лидерите на партиите да учествуваат на прославата за Илинден на Мечкин Камин во Крушево, на која, претседател на државата, за првпат нема да има традиционално обраќање до граѓаните.