Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека самиот Ковачевски признал дека од него формирана фирма добивала државна помош, додека тој е на функција.

-Само ДКСК уште глуми дека не слуша и не гледа и ништо. Над 300.000 евра се исплатени кон Пиксел груп додека Ковачевски е заменик министер и мандатар за состав на нова влада. Истата оваа Пиксел груп, е фирма која гради фабрика за само една година од основањето, а откако Ковачевски кој ја основал станува премиер, таа почнува инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово. Пиксел групне фирмата која произведува фотоволтаични панели, дел од соларниот картел, а КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски се јавува на тендери за поставување на истите. Фирмите од аферата Броило откако е СДС на власт од државата добиле 2 милиони евра тендери и склучиле договор со ЕВН од над 2 милиони евра, се вели во партиското соопштение.

Ковачевски е во центарот на аферата Броило. Одговорност мора да има.