Сето ова се случува во време кога Собранието уште не работи бидејќи не може да се обезбеди кворум, па поради тоа и утре нема да може да се изгласа петтиот пакет економски мерки за фирмите и граѓаните, како што претходно беше најавено.

Инаку, на предлог законот кој стигна во Собранието и за кој тие предлагат да се носи по скратена постапка, се потпишани најголемиот број од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, како што стои во самото предлог законско решение, доколку тоа се изгласа, ќе важи не само за некои наредни пратеници, туку веќе и за народните избраници од овој пратенички состав, бидејќи би требало да влезе во сила 30 дена по објавувањето во Службен весник.

Пред околу две недели, владејачката СДСМ се изјасни дека за нив вакво законско решение е прифатливо, и не само тоа, туку и дека тие сметаат дека треба да почне да важи дури и за пратениците од овој собраниски состав.

Предложениот закон, би можел да биде изгласан и само со помош на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи за истиот не е потребно да се почитува Бадентеровиот принцип.

Па, доколку за овој предлог закон гласаат и ВМРО-ДПМНЕ, тој без проблем би можел да се донесе, бидејќи за него не е потребно да се почитува принципот на Бадентер.

Предлог законот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беше најавен најпрво токму во „Утро со Златев“ на Радио Лидер од страна на Антонио Милошоски, а откако бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на Фејсбук објави листа со имиња со бугарски пасоши, кои, според него, се совпаѓаат со дел од членовите на партијата, што ВМРО-ДПМНЕ децидно го демантираше.

Прашани од порталот Фактор.мк, околу тоа зошто законот е поднесен со името „Република С. Македонија“, каде „С“ е многу посветло и незабележително и дали тоа значи признавање на новото име на државата, од ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека не го признаваат новото уставно име, но тоа е обврска со цел законите да им бидат примени во собранието.

Инаку, интересно е дека во предлог законот што го доставиле до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ како да го признаваат новото име на државата, па во него навеле „Република С. Македонија“, со С кое е многу посветло и понезабележително од останатите букви. Ги прашавме во ВМРО-ДПМНЕ дали тоа значи дека го признаваат новото име на државата. Оттаму велат дека не го признаваат, но мора така да напишат за законите да им бидат примени во Собранието.

Од СДСМ пак, пред повеќе од една недела рекоа дека со сигурност би поддржале ваков закон, повторувајќи дека истиот треба да биде донесен, но и да важи за актуелниот пратенички состав во Собранието.