-Во време на голема инфлација во државата, енергетска криза, наместо мерки за помош кон стопанството и граѓаните, власта носи мерки кои се само нов арач за граѓаните. Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети која не ги почитува законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење. Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, стои во соопштението на партијата.

Оттаму посочуваат дека проблемот со загадувањето треба да се решава системски. Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата повторно да ја разгледа оваа своја одлука и да го слушне гласот на народот и истата да биде повлечена.