Половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а власта зголемува плати на функционери додека народот страда, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив економијата и граѓаните очекуваат мерки и политики за развој, а не покачување на плати за функционери.
Македонија има највисока инфлација во регионот и на врвот во Европа, а власта се што прави е замрзнување на цените на макароните или лебот, сите мерки се презадоцнети, народот плати превисока цена. Падот на реалната плата е повеќе од 3%, а власта се фали дека покачила плати на работниците. Со СДС народот од ден во ден е се посиромашен. Тоа што пред година дена можеше да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари, дополнуваат од партијата.