Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека поради неспособноста на СДСМ македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Од партијата додаваат дека цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час и е убедливо најскапо од сите земји во регионот.
Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра.
Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија.
БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15% – анализираат од партијата.
Струјата во Македонија е скапа затоа што власта го занемари домашното производство, и од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4. Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.