Промените се случуваат, секогаш со народот – ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта. СДСМ се плаши и бега од народот затоа што нема анкета на која не губат, и знаат дека ќе доживеат тежок пораз на избори, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДСМ не сака избори затоа што народот има празни џебови од сиромаштијата која ја донесоа, а е резултат на криминалот кој го прават, преку тендерите и разните матни шеми со државниот буџет.

-Донесоа инфлација. Горивата поскапеа и за 70%, основните намирници исто така, а лебот и до 110%. И во сиот изминат период платите не пораснаа ниту еднаш. СДСМ вети дека ќе влеземе во ЕУ, а наместо тоа државата и народот голтаат само кнедли, а ЕУ ниту на повидок. Со СДСМ нема ниту ЕУ, ниту иднина. ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во поглед на спорот со Бугарија. Ние сме против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДСМ Македонија само губи. Поразите се секојдневие, а сиромаштијата се поприсутна. Затоа е потребно обединување на народот против власта.