Коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на во првиот круг од локалните избори освои над 55.000 гласа повеќе од СДСМ и нивната коалиција гледано по освоени гласови на советничките листи.
– Граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот покажа дека сака да го смени мрачното сивило. Прогресот за СДСМ е криминал и корупција во институциите и општеството, тендери за блиските околу Заев. Народот јасно даде глас против власта и постои силно антивладино расположение. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии од опозицијата и леви и центар и десни да се обединиме и да излеземе масовно во вториот круг на 31 октомври, за да ја запечатиме желбата на огромното мнозинство граѓани кои сакаат промени и поубава иднина, посочуваат од партијата.