ВМРО-ДПМНЕ повторно бара оставка од обвинителот Љупчо Коцевски – Обвинувања за пристрасност до СДСМ и ДУИ
ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повтори својот јавен повик до јавниот обвинител Љупчо Коцевски да си поднесе оставка. Од партијата тврдат дека со своето дејствување тој ја компромитирал независноста на Обвинителството, претворајќи го, како што велат, во „партиски сервис“ на владејачките СДСМ и ДУИ. Според нив, правдата е ставена во заложништво на политичките интереси.
Поддршка од владејачкото мнозинство во Собранието
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се нагласува дека со негласањето на интерпелацијата во Собранието, СДСМ отворено го поддржало Коцевски, кој според нив ја има улогата на чувар на владини функционери од кривична одговорност.
Партијата тврди: Довербата во Коцевски падната под 2%
Од партијата додаваат дека јавната доверба во обвинителот Коцевски е падната под 2 проценти. И покрај тоа, како што нагласуваат, тој одбива да се повлече, иако беше изложен на јавен притисок и интерпелација.
За потсетување, претходната недела Собранието му изгласа недоверба на Коцевски.
71 ПРАТЕНИК „ЗА“: Собранието изгласа недоверба на обвинителот Љупчо Коцевски
Постапката продолжува преку советот на обвинители.