ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека лидерот на СДСМ не е присутен пред јавноста и прашува каде е Венко Филипче во последните 20 дена
ВМРО-ДПМНЕ прашува каде е Венко Филипче и зошто не се појавува пред македонската јавност веќе 20 дена. Од партијата нагласуваат дека последно е виден на 2 август, за време на прославата на Илинден во Крушево. Тие додаваат дека претходно исто така бил ретко присутен на јавни настани.
„Има ли СДСМ лидер на партијата или на непочнати избори ‘кормиларот’ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди?“ – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека во меѓувреме се појавиле фотографии и видеоснимки како Филипче плови на луксузна јахта низ Грција. Заедно со неговиот ментор Зоран Заев. „За ова ниту Филипче, ниту неговата партија не одговорија со чии пари е купена јахтата. Претходно, кога повторно го снема, Филипче беше со Заев на друго луксузно патување во Дубаи .Од каде што си набавија златни визи, за кои, исто така, не добивме конкретен одговор како се набавени“ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изгледа луксузните забави и бизниси со Зоран Заев на Филипче му се поинтересни и приоритетни, наспроти водењето на партијата. Или, пак, можеби Филипче уште сега се подготвува за дебаклот и големиот пораз кој го очекува на локалните избори, па тренира бегање од јавноста?“ – се наведува во соопштението.