Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот кој протестира на слобода. На 07.07.2022 година, МВР излезе со официјално соопштение, во кое наведуваат дека лицето Е.Ј. од Скопје, кое на истиот ден со огнено оружје – пиштол од марката Walter P99 пукаше додека поминуваше колона на луѓе при протест, и поднесе кривична пријава по брза постапка. За денеска една недела потоа ЈО да излезе со став дека пиштолот од кој било пукано не е огнено оружје, туку пиштол за светлосно звучна сигнализација од марката EKOL Aras Magnum, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ЈО си зема за слобода и покрај наодот на МВР, кои излегле на лице место и го земале пиштолот од кој било пукано да излезе и да каже дека пиштолот од кој било пукано е друг пиштол, а не тој кој првично е најден кај лицето. И додека се случува ова МВР молчи, и следно е да излезат и да кажат дека направиле грешка и да се извинат што го вознемириле пукачот. Предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски прават кривично дело од чл.353 Злоупотреба на службена положба и овластување и чл. 365 Помагање на сторител во извршено кривично дело. Власта е до толку во паника што се впушта во прикривање на кривично дело и обид за убиство. И предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски треба да знаат дека прикривањето и злоупотребата на службената положба се кривични дела за кои ќе одговараат, велат од партијата.