СДСМ целосно скршна од курсот заземен уште од своето формирање – партијата која некогаш себеси се прикажуваше како државотворна, оттогаш до денес го смени знамето кое државава го доби пред точно 34 години, а денес лицемерно лее солзи за уметничка инсталација каде што се прикажува рефлексија на сонцето, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Како партија, најмалку десетина пати излегоа со погрешно знаме, и тоа не како дел од уметничка инсталација, туку на сопствени партиски прослави“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и СДСМ се против прославата за независноста и не им се допаѓа што таму ја има Македонија, додава партијата.
„Истиот тој талог го смени името на државата и, по испробан рецепт и шема на едни исти ликови, шири дефетизам, тагува за секој успех на Македонија и се радува на секоја потешкотија во државата. Го избришаа АСНОМ, го донесоа францускиот предлог, ја закочија државата и ја уценуваат иднината на секој еден граѓанин. Затоа Филипче ја промашува Македонија. Всушност, тој и Зоран Заев ја мразат и на нејзин грб сакаат само да печалат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
