– Преговорите со Бугарија треба да се водат единствено откако ќе биде донесена Резолуцијата во Собрание. Заев до сега покажа дека нема кичма и без јасна рамка Македонија е загрозена. Резолуцијата е резултат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ ОА, и како таква ги штити темелите на јазикот, идентитетот и нацијата. Доколку СДСМ и ДУИ се искрени кон народот Резолуцијата треба да ја прифатат веднаш. Се што ќе биде во насока на минирање на нејзино донесување ќе покаже дека имаат задни намери. СДСМ еднаш нека го стават својот, зад интересот на државата. Доколку и овој пат политизираат штетите по Македонија ќе бидат големи, додаваат од партијата.
Оттаму посочуваат дека време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!