Премногу е, народот плаќа поскапа струја, затоа што Ковачевски краде, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДСМ цената на струјата се зголеми за 30%. Народот плаќа поскапа струја затоа што луѓето од врвот на власта преку свои блиски фирми испумпуваа пари од РЕК Битола преку разни тендери, а комбинатот го оставија без основни средства за работа. И во исто време ги испразнија акумулациите. Неработата и криминалот во енергетиката во изминативе 5 години сега граѓаните ќе го платат со уште едно покачување на цената на струјата од јули. Повисоките сметки за струја ќе значат помалку пари за народот и поскапо производство, а со тоа и понеконкурентна економија, велат од партијата.

Од таму додаваат дека народот не може да издржи уште една зима со скапа струја, скапо парно греење, скапи горива и скапа храна.

-Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.