Додека граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека за кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, додека за граѓаните броилото врти за осиромашување.

-Во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните. Додека стопанството плаќа дупло поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум, Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење. Фирмата Пиксен која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над 2 милиони евра. Над 1.8 милиони евра, соларниот картел земале и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезетер Ковачевски, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека исто така фирмите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош.

-Аферата Броило продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов. Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност, се наведува во соопштението.