СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат. СДС и Ковачевски молчат за криминалот, а молчат и на Бугарите за Илинденската декларација, која испари под притисок на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од поднесената декларација до Собранието може да се види дека само 17 пратеника од власта се потпишани на неа, од кои 16 од СДС и само еден коалиционен партнер, ги нема останатите коалициони партнери на СДС и ДУИ.
СДС и Ковачевски со денови не ја спомнуваат декларацијата која помпезно ја најавуваа.
Дали власта мора да молчи заради притисокот од Бугарија?
Лицемерието на СДС излезе на површина.
ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа СДС да ја пушти декларацијата, а потоа на истата ќе поднесеме суштински амандмани на линија на македонските интереси. Дали СДС воопшто нема да смее да ја стави истата во процедура?, прашуваат од партијата.