ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС преку грантови од Еразмус + финансирала судии, меѓу кои и Лазар Нанев, и побара итен одговор

ВМРО-ДПМНЕ објави дека СДС молчи за Еразмус + грантовите и за сомнежите поврзани со судии. Во соопштението се наведува дека СДС нема одговор. За тоа зошто со парите од европската програма купувале судии како Лазар Нанев и што барале за возврат.

Од партијата посочуваат дека СДС и Зоран Заев преку Лидија Димова доделиле грант од Националната агенција Еразмус + во вредност од 120 илјади евра. Со тие средства, велат, судијата Лазар Нанев, кој бил дел од Судскиот совет и втор човек по Наќе Георгиев, станал дел од коруптивна шема. Од партијата посочија дека СДС СДС молчи за Еразмус +.

„Дали со овој проект и со други слични, СДС имала за цел да го награди Лазар Нанев и блиски лица до партијата? Го повикуваме СДС да одговори – колку судии биле унапредени, поставени или разрешени поради одлуките на Нанев, и дали тие одлуки ги носел по насока на Заев и СДС? Дали СДС ги поткупувале судиите и обвинителите за да си ја купат слободата? Дали Нанев по насока на СДС ургирал за одредени лица да не бидат дел од прогонот и да бидат заштитени?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението дополнително се наведува дека СДС не смее да молчи и мора веднаш да даде одговор. „Во спротивно, нашите сомнежи ќе се покажат како вистинити“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.