ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение упати остри критики кон СДС, оценувајќи дека опозициската партија „сама се препознала“ во критиките за ширење нихилизам и дефетизам во јавноста.
Од владејачката партија тврдат дека СДС, предводена од Венко Филипче, со своето делување создава чувство на несигурност и страв кај граѓаните, испраќајќи пораки дека државата нема перспектива и дека младите единствената иднина ја гледаат надвор од земјата.
Во соопштението се изнесуваат и обвинувања дека дел од политичките претставници, додека престојуваат на луксузни одмори, наводно договараат нови идентитетски отстапки и „национални предавства“ со цел повторно да дојдат на власт.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека граѓаните нема повторно да дозволат, како што велат, сценарија што би биле на штета на националните интереси и додава дека партијата останува „меѓу народот“ и ќе се спротивстави на, како што се наведува, сите политики што се против државата.
Воедно, од партијата порачуваат дека Македонија треба да стане дел од Европската Унија преку реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, а не, како што тврдат, преку нови отстапки и понижувања.
