Резолуцијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ е сублимат на ставовите искажани од МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Резолуцијата нема зошто да го плаши ниту еден политичар во Македонија кој и мисли добро на државата, нејзините интереси и народ. Секој оној кој се води од други побуди, а не од интересите на народот ќе има проблем со Резолуцијата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија мора да има исцртани црвени линии, велат од партијата, и тие мора да добијат институционален облик.
СДСМ да не се обидува преку Собранието да ја кочи, зошто од тоа штета ќе има само Македонија. Очекуваме СДСМ да се надрасне себе си и сопствената деструктивност и да си остане на ветеното дека ќе ја поддржи Резолуцијата без изговори.
Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.