Граѓаните ќе бидат погодени од зголемувањето на цената на струјата и едногодишно намалување на ДДВ нема да им помогне многу, затоа што веќе од догодина ќе го почувствуваат ударот на поскапувањето.

Дополнително мерката треба да важи и за компаниите, односно за индустријата, а не само за домаќинствата. СДСМ ја доведе целата држава во егзистенцијална криза и затоа мерките мора да бидат општи и инклузивни за сите.

ВМРО-ДПМНЕ апелира амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во насока на трајно намалување на ДДВ – то за струја од 18% на 5% да бидат прифатени, бидејќи тоа е од интерес на граѓаните.

Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ