Оттаму повторуваат дека текстот на Резолуцијата е сублимат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.

„Резолуцијата ги истакнува црвените линии и ги штити јазикот, нацијата и идентитетот. Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада. Ако СДСМ и ДУИ го имаат интересот на народот пред се нема зошто да не ја прифатат Резолуцијата. Очекуваме да се надминат партиските интереси и сите да застанат зад интересот на државата. Резолуцијата ќе биде национален став и како таква може само да ги зацврсти македонските позиции. Апелираме да не се наоѓаат изговори и низ Собрание да се кочи Резолуцијата. Очекуваме одговорен пристап“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-резолуцијата е доставена до Собранието на Северна Македонија, но, според веб страницата на законодавниот дом, за денеска не е закажана пленарна седница.