Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија.
Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите.
Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност.
Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.
Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ