СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа е дел од цена која требаше да се укине, ова денекса преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доколку СДСМ и ДУИ наместо дневна корист гледаа долгорочно за граѓаните ќе го прифатеа предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%. Со тоа ќе се анулираше зголемената акциза од 13.13 денари која е резултат на владеењето на оваа власт. Со намалување на акцизата за 50% граѓаните ќе точеа горива по разумни цени, а индустријата и земјоделците ќе имаа помали трошоци на производство. Но наместо да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие излегоа со половично решение за намалување од 30%, кое е врзано со цената на суровата нафта на светските берзи, велат од партијата.
Од таму додаваат дека дополнително за да биде очајот поголем веќе два дена се фалат со намалување на цената на горивата кое е исклучиво резултат на падот на цената на нафтата на берзата, а не резултат на Ковачевски и СДСМ.
-Народот ја гледа проѕирноста на владата, нивните мерки немаат суштина и не носат долгорочен резултат, потенцираат во нивното соопштение до јавноста.