Градоначалници ја напуштија СДСМ и излегоа како независни. Носеа одлуки за едни кандидати, а веднаш потоа објавуваа други. Партии од владејачката коалиција како ДОМ, ЛДП, партијата на бошњаците излегоа со свои кандидати наспроти тие на СДСМ. Критериумите за станување кандидати за градоначалници на СДСМ се, или да сте роднина со некој од раководството на партијата или да имате бизнис релации со братот на Зоран, Вице Заев. Проблемите во СДСМ не се и проблеми на македонската јавност.
Обидот на младиот Васев со неговите лаги да се наметне како тема, е само обид да се прикрие внатрешниот раздор и незадоволство од Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во внатрешните проблеми на СДСМ, но и нема да ги прифати нивните манипулации. Вистинската тема денес е што Шилегов е дел од урбаната мафија, со зграда дивоградба среде Скопје. Сега е јасно дека кога Скопје не се градеше, Шилегов диво градеше зграда среде Тафталиџе.