СДСМ е причина за поскапите сметки на граѓаните за струја и парно. Заради СДСМ од овој месец граѓаните ќе плаќаат и по 1.500 денари повеќе за струја и парно.
СДСМ не беа способни да обезбедат евтин гас, сега плаќаме поскапо парно, а државата од буџетот дополнува.
Да беше способна владата немаше воопшто да дојде до поскапување, а ниту до потреба дополнително да се покрива разликата во цени од буџетот.
Овие кризи со струјата и парното ги предизвика директно СДСМ и тие немаат капацитет да ги решат. Затоа потребни се предвремени избори и нова влада која знае да ги решава проблемите на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ