-Автопатот Миладиновци – Штип беше фактички пред завршување уште во 2017-тата година, а за истиот владата се уште нема извршено технички прием. Двата експресни пата Штип – Кочани и Штип – Радовиш беа отпочнати, обезбедени средства, завршени проектни документации, спроведени тендерски постапки и започнати градежни активности уште во 2016 – 2017, за да сега СДСМ својата неспособност ја затскрива со реализирани по пола секција од истите. Наместо нешто да изградат, од власта се промовираат со проекти наследени од претходната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, истакнуваат од опозицијата.

СДСМ од кога е на власт единствено на граѓаните докажа дека не е способна да реализира капитални инфраструктурни проекти од интерес на државата, додаваат од таму.