СДСМ продава веќе продадена работа по втор пат, откако во 2019та Заев договорил заедничко чествување на Цар Самоил, сега Ковачевски истото го договорил по втор пат.

Дали можеби новиот успех кој го слават во Бугарија, не е само заеднички чествување на Цар Самоил и други историски личности од средниот век, туку и нешто повеќе од тоа?

Што конкретно се договара во моментот, и зошто Бугарската страна слави, а во Македонија има молк.

Бујар Османи наместо преку медиумите, прво да отиде во собранието и да реферира пред пратениците што договара со Бугарија. А Димитар Ковачевски да ги запознае политичките партии и стручната јавност.

Ковачевски и Османи го водат целиот процес на преговори целосно нетранспарентно, наспроти тоа во Бугарија политичарите вклучени во процесот се тие кои ги информираат нивните граѓани.

Односот на Ковачевски и Османи кон целиот процес дава сомнеж дека тие може да ги загрозат Македонските интереси, јазикот, идентитетот и историјата.

Токму затоа Ковачевски доколку е искрен кон Македонија и народот, треба да побара писмени гаранции од Брисел и од Софија за Македонскиот јазик, идентитет и историја.