Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа што во одреден момент геополитичките интереси на големите светски актери се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДСМ.

„СДСМ во дипломатијата и меѓународните односи знае само за патлиџан дипломатија. Тие се сервилни и знаат само да ги распродаваат државните и националните интереси“, се вели во реакцијата на партијата.

-СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа. Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина. Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси. Наместо цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси. Државата заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани, велат од владејачката партија.