-Апелираме за вонреден надзор и почитување на законите. Потребно е да се вклучи и обвинителството кое треба да ги разгледа случаите на бесправно градење. Се работи за организирана мрежа која добива закрила од власта. Јавна тајна е дека зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта. Заев ветуваше едно пред 5 години, сега прави сосема друго, се вели во реакцијата.
Ова следува откако жители од мавровските села Леуново, Никифорово, Маврово и Маврови Анови и сопственици викендичките околу езерото денеска со протест побараа враќање на општината Маврово, прогласување на туристичка општина Маврово и најмалку двегодишен мораториум за градба околу езерото.