Од партијата велат дека за 12.5 милиони евра е продадена градската куќа, а Шилегов молчи и крие каде и на што се потрошени овие пари на скопјани.
– Шилегов потроши и 4 градски буџети и нема направено еден проект. Нема ниту една нова инфраструктурна инвестиција. И додека ВМРО-ДПМНЕ на Шилегов му остави претпријатија без ниту еден денар долг, Шилегов ги задолжи претријатијата. Градските претпријатија имаат милионски минуси. Сами ЈСП Скопје има минус на салдото за првите шест месеци од годинава од скоро 140 милиони денари, ЈП Водовод и канализација 40 милиони денари, а ЈП Комунална хигиена 13 милиони денари. Вкупно Шилегов ги внесе во минус овие три претпријатија за скоро 200 милиони денари. Со новите долгови и долговите во изминатите 4 години долгот на градските претпријатија е 10 милиони евра. И додека претпритијата тонат во долгови Шилегов ништо не направи, нема нови инвестиции, нема проекти. Шилегов има купено 4 пати помалку возила и механизација за град Скопје и претпријатијата под градот, се наведува во соопштението.
Посочуваат дека Шилегов наместо, како што велат, млатење празна слама, да каже каде се парите, нека почне со објаснување каде се 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа.
– Време е ова лицемерие на СДСМ кон град Скопје и неработа да заврши. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.