Со одење против референдум Ковачевски го помножи народот со нула, а народот ќе му покаже дека тој е нула, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски.
И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум.
Ако е се како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него.
Референдумот е една од најголемите придобивки на демократијата. И како таков служи за власта да се води по ставот на народот.
Со бегање од референдум, Ковачевски покажува дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула, но тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избори.