Оваа победа е многу важна и не е само локален резултат. Резултатот е порака дека граѓаните препознаваат многу работа, скромност и реални решенија за проблемите на граѓаните.

Целокупната политичка слика е повеќе од јасна.

Со денешниот ден, се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во 56 општини, а СДСМ само во 6.

Тоа не е случајност, тоа е јасен политички суд од граѓаните.

СДСМ доживеа уште еден дебакл. Граѓаните им пресудија за нивните политики. Денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици.

Партијата која освои 140 илјади гласови на државно ниво, не може да зборува во име на народот или мнозинството. Проблемот е подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, корупција и национални предавства.

Мора јасно да се каже не станува збор само за блокади, СДСМ мора да се соочи со криминалците во своите редови. Без јасна дистанца од корупцијата, оваа партија нема иднина и кредибилитет.

Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политички конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди.

Кланот на Венко Филипче води политика на сооштенија напишани во други држави, а не борба за своите граѓани.

Македонија нема луксуз да губи време на хаос и диструкции. СДСМ мора да се отрезни и да престане да биде срам за државата и народот

Довербата на народот не се освојува со кодошење и хаос.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со работа и јасна цел, државата да иде напред, сигурно и достоинствено.

 

Христијан Мицкоски.