Владата на ДУИ и СДС е делегитимирана и го изгуби својот кредибилитет. Добија студен туш и од претседателот на Франција Макрон и од Европската Унија кои им порачаа дека неопходни се реформи, а не празни флоскули, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека оваа власт потрошила 7 години и ништо не направила на полето на реформите.
-Напротив во Македонија се случува целосен распад на системот и институциите се киднапирани од мафијата која се нарекува влада. Народот тоне во сиромаштија, секојдневниот раст на цените го уништува стандардот, нема учебници во училиштата, нема лекови за болните, нема вода за земјоделците. Наместо тоа има криминал и корупција кои се дозволени и реализирани директно од власта.
Власта освен за своите бизниси не се грижи за ништо друго. Се е оставено да тоне и да пропаѓа. Оваа власт наместо да ги засука ракавите и да работи, чека поданички некој друг од надвор да им ги работи основните нешта за државата да функционира.
Затоа народот бара ресет. Затоа народот бара избори, бидејќи како суверен на Македонија треба да биде прашан и тој да одлучи што ќе се случува во Македонија.
Изборите се единствениот излез. Епското бегање од избори на власта не може вечно да трае. Поразот скоро ќе ги стигне, а со тоа и одговорноста, се наведува во соопштението на партијата.