Оливер Спасовски, човекот кој што скоро 7 години е прв човек на министерството за внатрешни работи, човекот на кој што се случија десетици скандали и овој пат молчи и се крие од одговорност за случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Веќе два дена Спасовски молчи и не одговара на прашањата кои ги интересира јавноста поврзани незаконските дела, брзо возење и возење со флешери, а потоа и ургенциите за пуштање на возилото мерцедес на синот на Назим Буши, Керим Буши. Нема одговори, зошто е пуштено возилото мерцедес, по ургенциите на началникот на СВР Скопје Вулнет Аземи. И покрај тоа што имало потерница по скопските улици по возилото кое истото возело со флешери. МВР и Спасовски не одговараат и на прашањето дали таблиците СК0202 АП се уште постојат во системот на МВР. А, нема ни одговори зошто МВР сокрива дека возилото го возело синот на Назим Буши, кога за тоа постојат сведоци и докази. Молчат и за сопственоста на возилото, кое во 2021 година Македонски телеком го дава возилото на Назим Буши, а сега истото возило е во сопственост на битолска компанија. Оваа компанија е сопственост на блиски роднини на заменик министерот на МВР, Буши. Оливер Спасовски молчи заради тоа што се плаши дека ќе ја наруши коалиција СДС- ДУИ, коалицијата на криминал и корупција, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заради функционирањето на криминалната коалиција, министерството за внатрешни се држи заложник. Оставки веднаш, порачуваат од таму.