– Согласно законот за лични карти, МВР е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја издадат личната карта.
Поради неспособноста на Спасовски голем број на наши сограѓани се оставени без документ за идентификација и им е оневозможено да ги користат своите сметки, да подигаат пензија или плата. Застој има и во правниот промет зошто голем број на граѓани не можат да склучуваат договори и да се појавуваат како договорна странка било пред државен орган или помеѓу физички и правни лица, велат од партијата.

Тие посочуваат дека голем број наши сограѓани оваа неспособност на Спасовски ги чини пари и изгубена добивка.

– Друг дел ги чини лоша егзистенција затоа што не можат да си го подигнат од банка единственото примање. Спасовски мора да понесе одговорност. Не може системот за издавање на лични документи да е нефункционален, а тој да нема одговорност. Одговорност веднаш. Време е за Македонија за сите луѓе, се додава во соопштението.