Македонија е рангирана во државите кои имаат ризик од состојба да бидат во неможност да ги сервисираат своите долгови, со други зборови кажано Заев ја води државата кон банкрот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

За само четири години Заев го зголеми јавниот долг речиси двојно. Заев ја задолжи државата за скоро три милијарди евра нов долг, со тие пари нема направено ниту еден нов проект, нема нови патишта, нема болници, нема училишта.

За само една година Заев и СДСМ оставија 60.000 луѓе без работа.

5.600 фирми ставија клуч на врата поради лошите политики на власта.

Буквално половина милион луѓе гладуваат со две евра на ден.

Сите живеат полошо, само Заев и луѓето околу него подобро.

Време е за промени. Време е народот да почне да живее подобро, а криминалците да одговараат. Време е за Македонија за сите луѓе – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.